Свадбена фотографија и видео
ние сме C&P Weddings
 
За нас, свадбата не е само еден ден исполнет со убави детали. Таа е приказна составена од погледи, допири, смеа, тивки моменти и луѓе кои значат најмногу.
Не веруваме дека секој момент мора да биде наместен, баш напротив... Најубавите фотографии често се случуваат спонтано - помеѓу планираните моменти, во погледот што трае секунда подолго... Во искрената насмевка, во прегратката која никој не ја очекувал.
Затоа пристапуваме кон секоја свадба со внимание, трпение и чувство за моментот. Ве оставаме да уживате во вашиот ден, додека ние се грижиме за спомените.
Нашата работа е да создадеме нешто што ќе има вредност и по многу години — фотографии и видеа кои нема само да ви покажат како изгледал денот, туку ќе ве вратат назад низ времето.
Да ги претвориме вашите најубави моменти во спомени што траат.
Вашата приказна заслужува да биде раскажана.