Свадбени фото трендови за 2025-та година: Што е „IN“ а што нè според славните?
- Angie Cv
- Sep 8, 2024
- 5 min read

Дали сте невеста или младоженец кој/a ја планира свадбата од соништата за 2025-та година? Како што се подготвувате за овој посебен ден, битно е да знаете дека еден од клучните елементи кои треба да ги земете во предвид се фотографските трендови кои славните личности веќе ги создаваат за наредната 2025-та година.
Свадбената фотографија отсекогаш била клучен елемент во доловувањето на магичните моменти на посебниот ден на парот. Така што, за наредната 2025-та година, славните личности веќе ја поставуваат свадбената сцена со екстравагантни трендови кои ќе влијаат на свадбите низ целиот свет.
Без разлика дали сте невеста, младоженец или тазе венчан пар, овие трендови Ви дозволуваат да ѕирнете во иднината на свадбената фотографија.
Ајде да се нурнеме во светот на свадбената фотографија и да видиме што е тренди, а што нè за 2025-та година.
Што е ново и тренди:
Како што паровите сè повеќе сакаат да ги вметнат и прикажат своите уникатни личности на нивниот голем ден, така фотографите сè повеќе ги прифаќаат иновативните трендови кои ги доловуваат овие посебни моменти на креативен начин.
Од интимни и искрени фотографии, до уметнички дела, 2025-та година се очекува да биде година на смело експериментирање, пропратено со топло раскажани приказни преку фотографијата и доловување на љубовта од сосема други и нови агли.
Бидете во тек со овие возбудливи трендови кои го трансформираат начинот на кој се сеќаваме на свадбите!
Фотографирање со дрон
Фотографирањето со дрон се искачува до нови височини во 2025-та година. Познатите личности често користат дрон за да ги снимаат или фотографираат од птичја перспектива (височина) рестораните, убавите градини или цркви, кои што додаваат грандиозност на нивните свадбени албуми.
Овој тренд нуди уникатна перспектива која традиционалната фотографија, доле на земјата не може да ја постигне. Без разлика дали станува збор за големо лозје, церемонија на карпа или свадба на плажа, дроновите обезбедуваат поглед од птичја перспектива што додава дополнителен „wow“ ефект на свадбените фотографии.
Прекрасните фотографии од небото кои го доловуваат сликовито вашето место од свадбата на отворено или пак романтичен момент на зајдисонце помеѓу вас и вашиот партнер се безвременски.
Фотографијата со дрон станува се попопуларна, нудејќи уникатни перспективи и визуелни ефекти кои го издигнуваат Вашиот свадбен албум на ново ниво.
Спонтани фотографии
Збогувајте сè со вкочанетите и местени пози и прегрнете ја убавината на спонтаните фотографии. Во 2025-та година сè води до тоа да ги доловите вистинските емоции и спонтаните моменти кои го прават денот на свадбата уникатен.
Славните личности сè повеќе се одлучуваат за фотографи кои се вешти да се вклопат во позадината, овозмоќувајќи им да доловат автентични и искрени моменти.
Овој тренд ја нагласува важноста на раскажувањето приказна преку фотографија, правејќи го секој албум персонализирана приказна полна со среќа и радост. Природните и непланирани, или што би рекле несценирани фотографии рефлектираат со искрени емоции и интеракција помеѓу Вас, Вашиот партнер или Вашите најблиски кои ќе го направат вашиот свадбен албум вистински одраз на радоста и љубовта споделена на Вашиот голем ден.
„Eco - Friendly фотографија“
Да, дури и во фотографијата има Еко-Френдли. Одржливоста е главна тема на разговор за 2025-та година и истата се простира дури до свадбената фотографија. Познатите личности избираат еколошки фотографии за нивните свадби, кои користат дигитални платформи за намалување на отпадот, одржливи материјали за печатење, па дури и вметнуваат природно осветлување за да ја минимизираат потрошувачката на енергија.

Се верува дека овој тренд не само што води до убави фотографии туку и се усогласува со растечката желба за еколошки прослави. Еколошките свадбени фотографии стануваат сè повеќе популарни и веруваме дека тоа е одличен начин да се поддржи одржливоста, а истовремено да се доловат прекрасни моменти и спомени.
Винтиџ естетика со модерен пресврт
Шармот на винтиџ свадбената фотографија повторно се враќа во мода, но со модерен пресврт. Познатите личности им даваат огромно значење на кафените „sepia“ тонови, филмскиот шум (film grain) како и замачканите (soft focus/blurry) фотографии, како би разбудиле чувство на носталија, но сè уште вклучувајќи современи елементи - врвен квалитет и остра фотографија.
Оваа мешавина на старо и ново создава безвременски изглед кој ги спојува традиционалните и модерните сензибилитети.
Што не е тренди и го оставаме зад себе:
„Застарени трендови: Што да оставите зад себе" е тоа што ги нагласува промените во свадбената фотографија како што се движиме во 2025-та година. Како што се појавуваат нови стилови, одредени традиционални трендови замираат.
Од претерано наместени пози до претерано многу филтри кои ја прикриваат автентичноста, многу трендови се заменети со повеќе органски и безвременски техники.
Време е да се збогуваме со традиционалните трендови кои повеќе не одговараат на модерните парови и да прифатиме свеж, автентичен пристап кои ги доловува љубовните приказни.
Претерано наместени пози
Заборавете ги деновите кога се местевме за фотографирање, здрвени и со драматични пози, каде што свадбата беше една голема фотосесија, а не прослава.
Наместо тоа, Ве советуваме да со отворени раце ги прифатите спонтаните фотографии кои најискрено го доловуваат секој момент и емоција од Вашата свадба.
Традиционални „Photo Booths“
„Photo Booths“ биле и ќе останат тренд и главна атракција за свадбените прослави. Но, како што навлеговме во 2024-та година, годината со највеќе реализирани трендови, така се промени и трендот за „Photo Booths “. Сега актуелни се интерактивните „photo booths“, кои ги ангажираат гостите на покреативен начин.

Така да, не плашете сè да отстапите од класиката и придадете повеќе внимание и значење на новите искуства кои ќе додадат модерен допир на Вашите прослави!
Нападни филтри
Ерата на премногу едитувани (обработени) фотографии и видеа, со премногу нападни филтри полека но сигурно замира.
Новите трендови ги менуваат досадните и преобработени фотографии со природната убавина, каде што фотографиите и видеата минимално се обработуваат - а го доловуваат најубавото од Вас и Вашата прослава, зачувувајки ја автентичноста.
„Cookie-Cutter“ пози
Кажете им збогум на позите на кои им недостасува живот и креативност - позите познати како „пози од колачиња“ - или статични пози. Најмете фотографи кои можат да ја доловат Вашата уникатна љубовна приказна и личности, создавајќи свадбен албум кој е посебен и индивидуален како што сте и Вие.
Секако, како што ја планирате свадбата и размислувате за свадбена фотографија во 2025-та година, имајте ги на ум овие трендови како би создале безвременски албум кој плени и кој ја раскажува приказната за Вашата љубов и прослава.
Прифатете го новото, ослободете сè од старото и доловете ги моментите кои ќе се негуваат цел живот.
Запомнете, денот на Вашата свадба е одраз на Вашето уникатно патување заедно со партнерот. Така што Вашата фотографија треба да ја доловува суштината на Вашата љубов, радост и поврзаност на начин кој е посебен и незаборавен како и самиот ден.
Дали сте подготвени да ги прифатите најновите трендови за свадбена фотографија за Вашиот посебен ден во 2025-та година?
Споделете ги вашите мисли и инспирации за доловување на магијата на Вашата свадба во коментарите подолу!
Comments