КАКО РАБОТИМЕ?
РЕЗЕРВАЦИЈА НА ТЕРМИН
Штом ќе одлучите дека ние сме вистинскиот избор за Вас, го резервираме Вашиот термин со потпишување договор и уплатен депозит.
ДЕН НА НАСТАНОТ
Вашите обврски тука се сведуваат на тоа да бидете ѕвездите на еден од Вашите најважни денови, а ние да се погрижиме да имате уметнички прикази на сите важни моменти од овој ден.
НАЈДОЦНА 20 ДЕНА ПО НАСТАНОТ
Во рок од 7 до 20 дена по настанот ги добивате фотографиите и видеата во дигитален формат. Најчесто ова се случува и порано, зависно од сезоната. Во галеријата која преку која Ви ги доставуваме фотографиите, можете да ги преземете, или истата да ја испратите кај вашите роднини и пријатели за да си ги преземат нивните фотографии. Тука правите и селекција за фотографиите кои сакате да Ви ги испечатиме (селекцијата е видлива само за вас и за нас), селекција за фотографиите кои сакате да бидат во фото-книгата (доколку имате порачано фото-книга), итн.
ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ
Штом ги добиете сите материјали, Ви испраќаме кус (и незадолжителен) прашалник за сатисфакција со неколку прашања кои ќе ни помогнат нас да ги подобриме услугите во иднина.
1
2
3
4
5
6
7
8
БЕСПЛАТНА КОНСУЛТАЦИЈА
Пред да резервирате термин и пакет, имате можност за бесплатна консултација со нас, каде што ќе ви помогнеме да одлучите дали ние сме вистинскиот избор за Вас, кои услуги Ви се потребни и кои услови се потребни за да го добиете резултатот што го имате замислено.
КОНСУЛТАЦИЈА ПРЕД НАСТАНОТ
Неколку денови пред настанот, одиме низ целата агенда на настанот со цел да се осигураме дека можеме да покриеме сè и дека ќе има време за сè. Штом ја имаме финалната агенда, останува на нас да се погрижиме за фото и видео делот од вашиот настан, а Вие да немате никакви грижи.
НЕКОЛКУ ДЕНА ПО НАСТАНОТ
Штом почнеме да го обработуваме целиот материјал од вашиот настан, Ви испраќаме кус преглед (најчесто 15-30 фотографии) за да имате претстава како изгледаат додека ние ги обработуваме сите фотографии. Доколку имате одбрано пакет со кусо Best Moments видео, во овој период ќе го добиете и тоа.
ДОСТАВА НА ПЕЧАТЕН МАТЕРИЈАЛ
Веднаш по Вашата потврда за избраните фотографии Ви ги доставуваме (или ги подигате, зависно кое Ви одговара повеќе) печатените фотографии, фото-книгата, постерите, и USB уредот со видеата.
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Дали се плаќа депозит?
Да. Наплаќаме депозит во иснос од 40% од целокупната сума кој што е неповратен и истиот треба да го уплатите во рок од 3 дена по доставување на договорот.
Како да резервирам термин?
Доколку имаме слободен термин за вашиот ден, истиот го резервираме во моментот кога ќе потпишете договор и ќе уплатите депозит.
Како изгледа онлајн галеријата?
Онлајн галеријата е современа и лесна за употреба. Истата можете да ја испратите на вашите блиски за да си ги преземат фотографиите и така ќе заштедите време.
Што ако ги изгубам фотографиите и видеата?
Фотографиите и видеата ги чуваме во нашата архива минимум 5 години. Доколку ги изгубите вашите копии, можеме да ви ги прикачиме истите за да си ги преземете повторно. Доколку сакате истите да ви бидат постојано достапни онлајн тоа чини 1,000 денари месечно.
Можам ли да преместам/презакажам термин?
Терминот може да биде преместен/презакажан доколку не известите 1-3 недели (зависно од типот на настанот) пред одржување на настанот и доколку имаме слободен термин за новиот посакуван датум. Доколку немаме слободен термин, ќе ви предложиме алтернативни термини кои ни се слободни.
Колку фотографи/видеографи ми се потребни?
На 150-200 гости, препорачуваме по 1 фотограф и 1 видеограф. Пример: За свадба со 400 гости препорачуваме тим од 4 луѓе, 2 фотографи и 2 видеографи.
За свадби кои имаат локациски или временски предизвици, препорачуваме тим од 2 фотографи и 2 видеографи бидејќи така можат да се поделат и да покријат случувања на две места во исто време. На пример: еден фотограф и еден видеограф може да покрива случувања кај младоженецот дома, додека другиот дел од тимот покрива случувања кај невестата дома.
За колку време ќе ги добијам фотографиите и видеата?
За помали настани како што се крштевки и родендени фотографиите и видеата во дигитален формат ги добивате за максимум 7 работни дена. Додека за поголеми настани како свадби, фотографиите и видеата во дигитален формат ги добивате за максимум 20 работни дена.
Испраќањето на печатени фотографии е максимум 20 работни дена од моментот на избирање на омилени фотографии за печатење.