top of page
Search

7 Спомени за Роденден на Вашето Дете

Роденденот на Вашето дете без разлика дали е прв роденден или не , секогаш е специјален ден во неговиот живот и среќата што ја доживува на тој ден е незаменлива. 


Таа среќа го исполнува Вашето срце како родители и срцата на сите оние кои присуствувале на роденденот. 


cake, birthday cake
Фотографија: C&P Weddings & Events

За оние кои не можеле да присуствуваат, а се уште сакаат да го видат роденденот, постојат 7 идеи кои можете да ги направите како спомени од неговиот роденден кои ќе останат засекогаш.


За да можете кога и да сакате да се потсетите на роденденот на Вашето најмило, прочитајте ги овие наши совети за како да ги зачувате спомените кои навистина се прекрасни да ги имате.


1. Персонализирани честитки од гостите

Персонализираните честитки за роденден се спомен кој кај Вашето дете ќе остане засекогаш и ќе го потсетува на љубовта и радоста што ја доживеало на тој ден.


Може да ги замолите гостите да напишат персонализирани честитки или веќе спремни да ги купат од нашата прекрасна креаторка и дизајнерка Марија од Mima Decoration која изработува прекрасни честитки за роденден на дете, кои со својот текст оставаат топлина во срцето на секого. 


2. Photo Booth со разни работи

Photo Booth со разни маски, костими или шапки и очила поставен на роденденот на Вашето дете е катче за спомен на кого децата многу ќе му се радуваат.


Верувајте, да им овозможите на децата слики кои ќе ги создадат со облекување на костимите, шапките или очилата и сликање со славеникот/ славеничката е нешто што децата најмногу го сакаат.


Затоа не плашете се да поставите Photo Booth на роденденот на Вашето дете и гледајте како децата ќе чекаат на ред да се сликаат. 


3. Фото книга со спомени

Ова е убава идеја која вечно ќе Ви остане како спомен од роденденот на Вашето дете. Фото книгата е на некој начин мемоар од најубавите моменти.


Фото книгата кај нас, во C&P Weddings and Events  е рачно изработена со најголемо внимание и љубов, како би можела да ги долови сите емоции дури и години подоцна. Размислете за фото-книга како подарок или спомен за Вашето малечко!


photobook, birthday book
Фотографија и Изработка: C&P Weddings & Events

4. Рачно изработени сувенири

Рачната изработка е среќа за секое дете! Може да поставите маси каде ќе организирате една мала работилница во која Вашето дете и другарчињата сами ќе изработат сувенири. Сувенирите може да се насликани камчиња или рачно изработени магнети. Едноставни се за изработка, а одлични за занимација. Во меѓувреме истите ќе му останат на славеникот како спомен од денот кога сам со своите рачиња и другарчињата изработиле сувенир кој ќе го чуваат како спомен од роденденот. 


Тоа многу ќе им се допадне особено на поголемите деца.


5. Видео пораки од гостите

Видео пораките се во тренд изминативе неколку години, а па на помладите родители тоа им годи.


Така да, нашата препорака е да ги замолите гостите да направат видео снимки или фотографии кои ќе бидат документирани и секој ќе може на славеникот да му посака некоја убава искрена желба за роденденот.


Фотографиите и видеата од гостите се прекрасни спомени кои може секогаш да ги има Вашето дете, а ние C&P Weddings and Events го правиме токму тоа.  Ние ги доловуваме тие сите емоции во една фотографија.


6. Мапа на пријателство и албум на отпечатоци

Мапата на пријателство и албумот на отпечатоци  се уште едни спомени на кои Вашето дете со радост ќе се сеќава.


Во средина на еден голем лист хартија напишете го името на Вашето дете и ставете го отпечатокот од рачето. Истото може да го направат и сите дечиња што присуствувале на роденденот. 


Детските рачиња отсликани на хартија се спомени кои секој родител сака да ги чува, а секако после и да му ги предаде на своето дете. 


7. Персонализирани свеќи

Персонализираните свеќи се навистина неодоливи спомени кои може да ги добие Вашето дете за роденденот. Тие може да ги нарачате кај нашите верни соработници Mima Decoration кои со задоволство ќе им посветат големо внимание и љубов. Свеќите се доста популарни бидејќи се уникатни подароци кои може да се изработат по Ваша желба. 


Бидете креативни и подарете ги со љубов

Изработено од Mima Decoration



Comments


bottom of page