top of page
Search

Како да Изберете Совршена Тема за Детски Роденден?

Темата за роденденот на Вашето дете е секогаш интересна и возбудлива. Како за децата така и за родителите. 


Роденденот секогаш се памети и затоа треба да биде совршен . Но, за детето да се чувствува како јунак на својот роденден треба да одберете совршена роденденска тема. Кога би ја одбрале вистинската роденденска тема би ја виделе разликата меѓу обичната забава и настанот кој е полн со радост и смеа за Вашето дете. 


birthday cake, cake,
Фотографија: C&P Weddings & Events

Сè што е потребно за да го воодушевите детето и неговите другарчиња на роденден е малку креативност. Прочитајте ги нашите совети подолу кои можеби би Ви помогнале околу изборот.


Сонувајте заедно со детето

Прашајте го Вашето дете кои му се омилените ликови од цртаните филмови или јунаците меѓу книгите што ги чита. 


Децата имаат богата фантазија и со радост ќе Ви кажат и ќе Ве инспирираат со креативна тема за роденден.  Децата ќе бидат изненадени и среќни кога ќе им го направите нивниот роденден во тема со нивните омилени ликови. 


Размислете за возраста на детето

Прилагодете го роденденот според возраста на детето. За детето од 2- 4 години темите со цртаните ликови или животни се прекрасни. 


За деца од 5-7 години направете роденден со авантуристичка тема, спортот или хобито на Вашето дете. За поголемите деца над осум години темата со мистериии кои треба да се решат како “Escape Room” е одлична.


Многу е битно просторот да одговара на темата за роденден

Просторот каде ќе се слави роденденот е многу важен дел и тој треба да биде соодветен со темата за роденден. За да го создадете тој амбиент може да користете балони и постери.


Ако роденденот е на отворено, тогаш може да направите камп под отворено небо или пикник во парк со детали од темата за роденденот.

birthday, kid's birthday
Фотографија: C&P Weddings & Events

Не ги заборавајте деталите

Деталите како покани за гостите, тортата за роденден и музиката треба да бидат според темата за роденден и според возраста на детето. 


Ако не можете сами да ги направите овие работи, Mima Decorations можат да Ви помогнат со поканите за гостите. Споделете ја темата за роденденот на Вашето дете со нив и колку покани сакате, тие со задоволство ќе ги изработат


Земете ја во предвид сезоната на роденденот

Во пролет темите од типот на цветна градина, фарма на животни или шарена велигденска прослава се популарни, за разлика од летото каде одговараат теми со тропска оаза, сафари авантура или забава на плажа.


Есента е за роденден со тема ноќ на вештерките, магична шума или “Пиратите од Карибите”.


А за во зима, леденото кралство на цртаниот “ Frozen” , или натпревар со џемпери каде децата носат креативни џемпери и се натпреваруваат кој има најубав џемпер. 


Проверете го Вашиот буџет

Изреката (помалку е повеќе) е совршена за планирање на тема за роденден на Вашето дете кога родителите имаат ограничен буџет.  Некои теми може да бидат скапи а некои и може и да бидат ефтини и дома сами да ги изведете. 


Размислете за Вашиот буџет пред да одберете тема за роденденот на Вашето дете. Не грижете се, детето секако ќе се радува дека сте му организирале незаборавен роденден. 


Одберете храна и торта со темата на роденденот

На секој роденден мора да има храна и торта и затоа внимавајте тие да одговараат на темата.  


Па така на пример ако темата е “Џунгла”, на масата за роденденот ставете колачиња во облик на животни кои соодветно ќе одговараат со тортата направена да изгледа како омиленото животно на Вашето дете.


Оваа храна ќе биде интересна за децата , а роденденот ќе биде повесел и позначаен за Вашето дете.

birthday muffin
Фотографија: C&P Weddings & Events

Направете ги спомените вечни

Фотографирајте ги спомените од роденденот на Вашето дете затоа што тоа се спомени кои ќе останат вечни. 


Најмете професионални фотографи и видеографи, како би биле сигурни дека ќе ги доловат сите убави моменти од роденденот на Вашето дете. 


Исто така, убави се и фотографиите каде гостите се облечени во костуми кои се соодветни на темата на роденденот. 


Соработувајте со професионалци

Ако немате време за сами да го организирате роденденот побарајте помош од професионални организатори.


Професионалните организатори за детски роденден ќе се погрижат да најдат ресторан, ќе ја наместат декорацијата на роденденската маса и масите на гостите, ќе ја донесат тортата и ќе донесат професионален фотограф и видеограф кој целиот роденден ќе го овековечи


Ваше е само да дојдете на време и да уживате целосно на роденденот на Вашето дете. 


Заблагодарете се на гостите

На крајот на роденденот заблагодарете им се на гостите што присуствувале на роденденот со тоа што ќе им дадете едни мали подароци поврзани со темата на роденденот.


Тие подароци може да бидат мали играчки, налепници или рачно изработени предмети кои ќе бидат со темата на роденденот. На пример ако темата е “ Џунгла” може да подарите некое мало плишано мече или тигарче или било кое друго животинче.


Совршената тема за детскиот роденден е одлична можност креативно да се покажете и да го направите роденденот на Вашето дете незаборавен.


Слушнете ги желбите на детето, додадете Ваша креативност и претворете го роденденот на Вашето дете во авантура која ќе ја памети цел живот.


За било која тема и да се одлучите направете Вашето дете да ужива во роденденот, а со него и гостите.


Вложете љубов и внимание во секој детаљ бидејќи тие се оние мали нешта кои ќе го направат денот уште подобар. Насмевката и среќата на Вашето дете е најважна од сè. 













Comments


bottom of page