top of page
Search

Совети за Невестинска фризура: Како да Блеснете на Вашата Свадба?

Вашата фризура е една од најважните детаљи кои треба да бидат совршени на Вашата свадба бидејќи тој ден е еден од најважните денови во Вашиот живот. Вашата невестинска фризура може да биде совршена доколку ги применувате нашите совети во оваа статија кои ќе Ви помогнат да ја пронајдете идеалната фризура според типот на коса, сезоната, венчаницата и многу други фактори.

bride and groom, bride
Фотографија: C&P Weddings & Events

Дали планирате летна или зимска свадба или имате густа или тенка коса, ќе најдете корисни совети кои ќе Ви помогнат да блеснете на Вашата свадба. Подгответе се да изгледате и да се чувствувате неверојатно!


Според сезоната на свадбата

Секоја сезона во која се прави свадбата носи свои предизвици и затоа треба да се одбере фризурата за да невестата се чувствува совршено и удобно во секој момент. 


Прочитајте ги нашите препораки за 4те сезони и консултирајте за препораките и производите според типот на сезоната на свадбата во атељето на Aleksandra Ale Aleksovska


  • Пролетни свадби 

Препорачуваме фризури кои се отпорни на влагата како што се плетенките или полупуштените фризури со природни цветови како додаток кои може лесно да се поправат.


  • Летни свадби 

Тие се предизвик поради топлината и влажноста и затоа препорачуваме стилови кои можат да издржат високи температури, како што се плетенки или ниски пунџи.


  • Есенски свадби

 За овие свадби препорачуваме фризури како ниски пунџи и сложени плетенки украсени со есенски лисја и темни цветови кои ќе бидат стабилни во текот на целиот ден.


  • Зимски свадби 

Зимата е годишно време во кое ладното време може да направи проблеми на фризурата и затоа препорачуваме мазни пунџи или лабави локни кои ќе изгледаат елегантно и ќе се лесни за поправка. 


За било која сезона препорачуваме да користите производи кои обезбедуваат долготрајност , отпорност на влага, хидратантни производи да се избегне сувост или електрицитет на косата и спрееви или гелови за да ја направите мазна косата, се тоа според сезоната и во претходна консултација со Вашата фризерка.


Според невестински вел или накит за коса

Многу е важно да ја одберете фризурата според тоа дали ќе носите невестински вел или накит за коса. Тоа е важно бидејќи овие невестински додатоци треба да се прилагодат да изгледаат совршено со фризурата и да направат да изгледате уште поубаво на Вашата свадба. 


Постојат многу различни начини на прицврстување на невестинскиот вел во фризурата, а за употребата на невестинскиот накит како што се шнолите, венците и светките  најубаво е да се консултирате со Вашиот фризер.

bride, hairstyle
Фотографија: C&P Weddings & Events / Венче: Lily & Co Floral Studio

Според типот и должината на косата

Постојат многу различни фризури кои одлично изгледаат на секој тип и должина на коса. Па прочитајте ги нашите препораки за кратка, долга, виткана и права коса и искористете ги за Вашата фризура, како би изгледале незаборавно на Вашата свадба.


Ако имате некоја интересна  идеја за фризура побарајте совет кај Вашиот фризер.


  • Кратка коса

Не треба да имате долга коса за да изгледате прекрасно на Вашата свадба. Препорачуваме фризури со шноли, цветни венци или уникатни шапки кои ќе ја направат Вашата фризура елегантна.  


  • Долга коса

Со долгата коса може да направите различни фризури како долги плетенки, локни, или па полупуштени фризури. Но, секако, тука се и екстравагантните фризури како шапки и цветови направени од Вашата коса. Со ваквите уникатни фризури ќе бидете незаборавни. 


  • Права коса 

Правата коса е лесна за фризура и може да ја направите како полупуштена или целосно пуштена права коса. Препорачлива е и „Brownie Batter Brunette“ фризурата која исто одлично стои и на права коса.


  • Виткана коса

За витканата коса која што самата има волумен препорачуваме фризура со плетенки, a најпопуларна во 2024 година е „Brownie Batter Brunette“ косата која многу ја бараат. Тоа е фрузура како вид на карамелa, на темето е темна , во средината е како карамел, а пак на врвовите некоја средна или посветла нијанса.


Која фризура и да ја одберете според типот и должината на косата , да знаете дека ќе бидете незаборавна невеста.


Според типот на венчаница

Фризурите кои се одбираат според типот на венчаницата се феноменални. Ние одвоивме три типа на фризури според венчаници, со надеж дека ќе Ви помогнеме во изборот!

  • За венчаници со отворен грб препорачуваме да изберете фризура со пунџа за да се истакне убавината на голиот грб.


  • За венчаници со длабоко деколте убаво би стоела долга коса со лабави локни. 


  • За венчаници со кристали, дијаманти, чипка или други детали препорачуваме поедноставна фризура, која нема да ја засени венчаницата а сепак ќе делува убаво


Одбирањето фризура според венчаницата е убав начин за да дојдат и двете до израз, па Ве охрабруваме да разговарате со Вашиот фризер како би го направиле правилниот избор и би блеснале на Вашиот најголем ден!

bride, veil, hairstyle
Фотографија: C&P Weddings & Events

Според локацијата на свадбата

Фризурите може да ги одберете и според локациите за свадба кои може да бидат на отворено , на пример свадбите на плажа, во градина или на друга надворешна локација или во затворено како на пример рестораните и хотелите.


  • На отворено

Ваквите свадби бараат лесни фризури како ниски пунџи, плетенки или полупуштени бранови кои што се стабилни и може да издржат лесни ветрови и влага.


  • Во затворен простор

Свадбите во затворено може да бидат со поелегантни и посложени фризури, како високи пунџи или мазни и собрани фризури затоа што нема никакви климатски услови да им ја расипе долготрајноста. 


Без разлика дали ќе правите свадба на отворено или затворено, користете производи кои ќе ви ги препорача Вашиот фризер за да ја заштитите косата од влага и да ја одржите долготрајноста преку целиот ден. 


Според темата и стилот на свадбата

Може да одберете и фризура според темата и стилот на свадбата, па така за специфична тема (винтиџ, бохо, модерен минимализам) може да ја направите фризурата да се вклопува со темата. 


Покрај тематската свадба, секогаш постои и формалната свадба која може да биде со поелегантни фризури и неформална свадба каде се дозволени поопуштени фризури.


Според активностите во текот на денот и времето на свадбата


  • Активности во текот на денот

Активностите во текот на денот содржат фотосесии каде што без разлика колку траат, пожелно е да одберете фризура која ќе издржи и по долгото снимање, но и ќе изгледа одлично на фотографиите.


Други активности за време на свадбата се танцувањето и движењето каде се разбира, пожелно е да изберете фризура која ќе биде удобна и сигурна. За такви ситуации препорачуваме ниски пунџи, плетенки или полупуштени локни кои нема да Ви пречат при движењето. 


  • Според времето во денот

Свадбата може да биде дневна или ноќна.


За дневна свадба најдобро е да одберете фризура која е поопуштена и полесна, на пример ниските пунџи со цветни детали, романтични плетенки или локни.  


Додека пак, за ноќна свадба Ви препорачуваме поелегантна фризура, која е со мазни пунџи, сложени плетенки со високи или ниски детали кои може да го нагласат Вашиот изглед.


Сега, кога веќе ги прочитавте нашите совети за како да одберете идеална фризура, Ви препорачуваме да направите пробна фризура која ќе Ви даде можност да видите како ќе изгледате на Вашата свадба. Во меѓувреме, не заборавајте дека редовната грижа за Вашата коса неколку месеци пред свадбата ќе помогне Вашата коса и фризура да имаат сјај и убавина.

Со планирање на дополнително време за брзи поправки на фризурата во текот на свадбата и со професионалните совети, веруваме дека ќе бидете преубава невеста на која сите ќе се воодушевуваат




Comments


bottom of page