top of page
Search

Незаборавни свадбени моменти без да го надминете буџетот: Водич за фотографија и видеографија

Планирањето свадба може да биде возбудливо, но и да  биде и финансиски предизвик. Меѓу најголемите трошоци често се наоѓаат фотографијата и видеографијата. Сепак, не мора да потрошите богатство за да ги имате овие спомени со врвен квалитет.


Во оваа статија, ќе Ви дадеме најдобри проверени совети како да добиете врвна свадбена фотографија и видеографија со ограничен буџет. 


weddings dress, bride, cpweddingsmk, невеста, фустан, свадба
Фотографија: C&P Weddings & Events

Но и ќе ги откриеме тајните кои ќе Ви помогнат да заштедите без да го жртвувате квалитетот како и да го извлечете најдоброто од Вашата свадбена фотографија и видеографија по пристапни цени. Овие совети ќе Ви помогнат да ги зачувате Вашите спомени на најдобар можен начин.


Персонализирани понуди за фотографија и видеографија 

Секогаш постојат професионалци како кои се подготвени да направат понуда според Вашите потреби и можеби ќе се вклопат во Вашиот буџет.  Не плашете се да ги контактирате и да ги споделите Вашите очекувања и финансиски можности.


Тие ќе бидат подготвени да направат прилагодена понуда која ќе ги задоволи Вашите барања без да го надминете буџетот.


Ние како C&P Weddings & Events секогаш ќе бидеме тука да ви помогнеме со изборот и одлуката.


wedding, bridegroom,bride and groom, wedding dress
Фотографија: C&P Weddings & Events

Поставете приоритети на свадбата

Одлучете кои моменти од свадбата Ви се најважни за да бидат фотографирани и снимени. На пример, ако Вашата церемонија , првиот танц или сечењето на тортата се поважни од подготовките, фокусирајте ги ресурсите на тие моменти.


На овој начин, можете да заштедите со тоа што видеографите и фотографите ќе се пократко време на локацијата, имено понудата ќе биде драстично пониска. Или пак, тимот ќе е драстично помал, водејќи до исто така пониска понуда.


Ангажирајте фотографи за помалку часови

Наместо да ангажирате фотографи и видеографи за целиот ден, договарајте се за помалку часови. Ова значително ќе ги намали трошоците и ќе Ви овозможи да добиете професионални фотографии и видеа од најважните моменти на Вашата свадба, кои ќе бидат висококвалитетни фотографии и видеа што ќе ги запаметат сите присутни како најубави спомени од Вашата свадба.


bride and groom, bridegroom, white dress,wedding dress, suit
Фотографија: C&P Weddings & Events

Направете листа на задолжителни фотографии

Направете листа на задолжителни фотографии и видео моменти за да ги оптимизирате времето и трудот на фотографите. Ова ќе им помогне да се фокусираат на најважните моменти од Вашата свадба, избегнувајќи непотребни снимки и осигурувајќи дека сите важни моменти ќе бидат документирани без никаков стрес за Вас како млад брачен пар но и за фотографите кои ќе стремат да ги доловат успешно сите Ваши најбави моменти.


weddings, church, bride and groom, crown, kruna, crkva, pop, nevesta i mladozhenec
Фотографија: C&P Weddings & Events

Искористете ги моќите на социјалните медиуми за  професионални фотографи и видеографи


Социјалните медиуми се одличен извор за наоѓање талентирани фотографи и видеографи по прифатливи цени.


Платформите како Instagram и Facebook обезбедуваат динамични начини за споделување на висококвалитетни фотографии и видеа, каде фотографите и видеографите можат да го прошират своето портфолио и да останат конкурентни.


Тие се моќни алатки кои ги држат професионалците инспирирани и ангажирани во оваа индустрија која постојано се развива.


Креативни алтернативи за  професионална фото книга или видео


Избегнете ги скапите фото-албуми и видео компилации со креативни алтернативи.


Размислете за фото книга која ја креирате лично Вие, со Ваши фотографии, која е премиум и рачно изработена.

Секако истата дури можете да ја добиете и гратис, со одредени пакети.


Овој начин ќе Ви помогне да ги искористите Вашите фотографии на креативен начин и ќе Ви овозможи да ги зачувате Вашите специјални моменти елегантно, засекогаш.


photobook, brown, elegant, premium,fotokniga
Фотографија: C&P Weddings & Events

Направете тест фотографирање

Пред свадбата, направете тест фотографирање или така наречена пред-свадбена фотосесија со Вашиот фотограф и видеограф за да се запознаете со нивниот стил и да ги разјасните Вашите очекувања за Вашата свадба.


Ние како C&P Weddings and Events нудаиме пред свадбена фотосесија со секој пакет. Доколку ве интересира како тоа изгледа - погледнете повеќе на нашиот website или нашите социјални мрежи.


bride groom, prewedding
Фотографија: C&P Weddings & Events

Искористете ги локалните пејзажи

Користете ги природните убавини на Вашата локација за уникатни и впечатливи фотографии и видеа. Локални паркови, историски места или дури и вашиот дворот можат да послужат како спектакуларна позадина.


На овој начин, ќе добиете прекрасни снимки без да платите дополнителни трошоци за скапи локации.


Консултирајте се со фотографите пред свадбата, како би можеле да Ви помогнат да ги идентификувате најдобрите места и да ги искористите на најдобар начин за создавање на вашиот свадбен албум.


wedding, photoshoot, bride and groom, fotosesija, svadba
Фотографија: C&P Weddings & Events

Разгледајте ги препораките за професионални фотографи и видеографи


Контактирајте ги Вашите пријатели, семејство или колеги за препораки за фотографи и видеографи кои нудат квалитетни услуги по прифатливи цени. Препораките од блиски луѓе можат да бидат од голема помош при изборот на професионалци кои ќе ги зачуваат Вашите најдрагоцени моменти со стил и квалитет.


Искуство од Сара и Михаел:

Секој што има приказна во глава, треба да ве остави Вие да ја реализирате бидејќи точно знаете како. Со вас соработката е право уживање, не погрешивме!


Искуство од Бојан и Стефанија:

Соработка, креативност и професионалност проследени со квалитетни фотографии и видеа! Современ пристап и посветеност во работата! Се надевам се гледаме во некоја следна прилика!




















Comments


bottom of page