Што е Најважно при Изборот на Торта за Роденденот на Вашето Дете?
- Александра Трајчевски
- Aug 12, 2024
- 4 min read
Изборот на торта за роденден е многу тежок, но кога е за Вашето дете е исто така и мошне возбудлив момент бидејќи тој влијае на тоа да детето си создаде незаборавни спомени. Затоа е многу важно да изберете торта која ќе ги задоволи вкусот и желбите на Вашето дете.
Ние, издвоивме време да Ви дадеме совети кои можеби ќе Ви помогнат при изборот на совршената торта за роденденот на Вашето дете.

Доколку нашите совети Ви помогнат да направите правилен избор на торта, верувајте, таа ќе биде центар на внимание на роденденот и ќе го направи Вашето дете навистина среќно и задоволно од Вашиот избор.
1. Внимавајте на темата и дизајнот на тортата за роденденот на Вашето дете
Кога ја бирате тортата за роденденот на Вашето дете , пожелно е нејзиниот дизајн и тема да се совпаднат со неговите/нејзините интереси. Ако Вашето дете има омилени ликови од цртани филмoви, суперхерои или животни, тогаш тортата треба да ги има истите тие ликови што ги сака детето.
Кога ќе го изненадите детето со торта од неговите омилени ликови, верувајте дека ќе му го направите роденденот многу поубав.
2. Проверете ги вкусот и состојките на тортата за роденденот
Децата обично преферираат овошни, чоколадни или торти од ванила, затоа што тие им се полесни. Проверете дали тортата содржи состојки на кои Вашето дете или неговите/нејзините другарчиња се алергични или имаат специфични диететски потреби.
Да избегнете последици по здравјето на Вашето дете или неговите/нејзините другарчиња може да побарате торти кои ги немаат тие состојки или се без глутен. Многу слаткарници како Sweets Cakery & Bakery ги нудат тие опции.
3. Размислете и за големината и количината на торта
Тие се одредуваат по бројот на гости кои ќе присуствуваат на роденденот. Ако имате поголем број на гости ќе Ви треба поголема торта , ако немате многу гости тогаш помала торта.
Тортата може да биде како на два ката која ќе содржи доволно парчиња за сите гости или на еден кат со дополнителен број на други колачи/мафини. Имајте во предвид за гостите кои сакаат репете, па планирајте ги и парчињата торта според тоа.

4. Внимавајте на Вашиот буџет при изборот на роденденската торта
Изборот на роденденската торта за Вашето дете влијае многу на Вашиот буџет, така да нашиот совет е да се консултирате со Вашиот слаткар да Ви направи торта според Вашиот буџет. Од се срце ги препорачуваме Sweets Cakery & Bakery со нивние пристапни цени за секоја пригода.
Цената на тортата за роденденот на Вашето дете варира во зависност од дизајнот, големината и сложеноста на декорацијата па затоа размислете пред да купите торта која не е во рамките на Вашиот буџет.
5. Проверете ги и квалитетот и услугата на слаткарницата за тортата
Препорачуваме да купите торта за роденденот на Вашето дете од слаткарница која има висок квалитет при изработката на торта и многу препораки. Тоа е важен фактор бидејќи квалитетните и препорачани слаткарници може да Ви дадат идеи и совети за изборот на совршената роденденска торта.

6. Договорете се за транспортот и испораката на роденденската торта
Ако сами купувате торта од слаткарници кои не вршат испорака и транспорт на тортата, внимавајте да ја однесете тортата безбедно на местото на роденденот за да не се оштети.
Но, доколку се одлучите да порачате торта од слаткартница која врши испорака до местото на роденденот, многу е важно да ја порачате тортата на време и да им ги дадете деталите и точното време за кога и за каде ви е тортата.
Sweets Cakery & Bakery пример, е една од најпристапните слаткарници со одлични торти, кои имаат достава до местото на роденденот. За одредени локации доставата е бесплатна!
7. Порачајте ја тортата на време
Квалитетните слаткарници се доста популарни и се најчесто презафатени, посебно во летниот период.
Па затоа Ве советуваме да ја нарачате роденденската торта неколку недели пред роденденот, како би го избегнале стресниот момент и прашање „Што ќе правиме без торта за роденденот на моето дете?“
8. Пробајте торта со изненадување
На сите нас познати, а на нашите најмали и најмили многу интересни - тортите со изненадување! Тоа се торти кои внатре имаат изненадување, како на пример повеќе слоеви во различни бои, различни вкусови или пак фил со ситни мали чоколадни бомбончиња, чие што шаренило го прави филот магичен во моментот кога ќе ја пресечете тортата.
Доколку нарачате таква торта, Ви гарантираме дека Вашето најмило ќе биде најсреќното дете во моментот, а во меѓувреме ќе го направи роденденот уште поинтересен.
Дополнителни совети:

Фотографирајте ја тортата
Имајте во предвид да ја фотографирате тортата пред да се исече или ако немате време за тоа, најмете професионален фотограф и видеограф кој ќе го направи тоа наместо Вас.
Фотографиите од тортата и видеата од целиот роденден на Вашето дете се спомени на кои со насмевка на лицето ќе се сеќавате.
Нарачајте пробна торта
Пробната торта ќе Ви овозможи да бидете сигурни дека вкусот и дизајнот на тортата ќе Ви одговараат.
Скоро секоја слаткарница може да направи мала верзија на тортата што ја сакате или да Ви понуди мали слатки колачиња или мафини што ќе ги имаат истите состојки како и тортата што сакате да ја порачате за роденденот на Вашето дете.
Хартиена торта за во градинка или училиште
Доколку градинката или училиштето дозволуваат, може да порачате и однесете и хартиена торта која се состои од мали парчиња торта изработени од хартија во кои се ставаат мали сокчиња, крем банани, лижавчиња или чоко бисквити и се врзуваат или затвараат со капаче.
Секако, истите се изработени со темата и дизајнот на омилените ликови или животни на Вашето дете.
Се надеваме дека нашите совети ќе Ви помогнат во изборот на совршената торта за роденденот на Вашето дете. Не плашете се да ги примените и бидете сигурни дека сте го направиле најдобриот избор и сте го направиле роденденот на Вашето дете навистина посебен и незаборавен.
Изборот на торта е знак на љубов и внимание кон Вашето дете, што го вложувате додека го планирате неговиот/нејзиниот роденден.
Затоа посветете го целото Ваше внимание и љубов при изборот на торта и направете го роденденот на Вашето дете забавен и незаборавен. Затоа што насмевката на лицето на Вашето дете треба да биде Ваша крајна цел.
Уживајте додека го планирате роденденот!
Comments