top of page
Search

Креативни Идеи за Запомнување на Денот на Крштевката на Вашето Дете

Крштевката на Вашето дете е една од најзначајните и најпосебните моменти со кои детето го почнува духовниот развој. Таа е семе на верата кое расте со секоја година и ќе се претвори во силно дрво на љубовта.


Фотографиите од секоја молитва, секоја нежност и секоја Света капка вода со која било полиено Вашете дете се моменти кои треба Вие како родители да ги чувате, бидејќи со текот на времето имаат се поголема вредност.  


christening, baby boy, baby
Фотографија: C&P Weddings & Events

Ние одвоивме време да Ви понудиме креативни идеи со кои ќе можете да го запомните овој специјален ден и секогаш кога ќе посакате да се присетите на него. Прочитајте ги подолу.


Капсула на времето (подарок за иднината)

Оваа капсула на времето (подарок за иднината) може да биде кутија во која може да ја ставите облеката на Вашето дете што ја носело на крштевката, Ваша фамилијарна фотографија, пораките од роднините и пријателите и слично и да ја закопате или да ја ставите на безбедно место до денот кога заедно со Вашето дете ќе ја отворите или додека стане полнолетно и тогаш да му ја дадете.


Специјален ѕид на крштевката

Одвојте еден ѕид од Вашиот дом кој ќе го посветите за крштевката на Вашето дете. На него може да ги закачите сите фотографии кои се за Вас значајни од тој ден заедно со крстот што сте го имале за крштевањето и иконата од светецот на Вашето дете. 


Секогаш кога ќе поминете покрај овој ѕид ќе се потсетите на денот на крштевката и како Вашете дете било опкружено со многу љубов и благослови


Фото книга од крштевката

Фото книгата што ние од C&P Weddings and Events рачно ја изработуваме може да го разбуди секое Ваше сеќавање на крштевката и да ги врати моментите кога љубовта е посилна од зборовите, а секој миг е благослов сам по себе.


Таа е изработена со страст и посветеност за да Ви ги пренесе истите чувства што сте ги имале кога сте го крштевале Вашето дете.

photobook, christening, foto kniga
Фотографија и Изработка: C&P Weddings & Events

Рачно изработени подароци за крштевката

Доколку се одлучите за рачно изработен подарок, а не знаете што би можеле да поклоните, ние сметме дека подароци како што се рамка за фотографија, икона, крст за крштевање и слично се соодветни за крштевка. Крстот може да го користите на денот на крштевката, а потоа да го закачите на специјалниот ѕид на крштевката во домот што го имате. Додека пак иконата, можете да ја посветите на детето и закачите на ѕидот, која што по одредени суеверија - го осветлува патот на детето.


Сите овие рачно изработени подароци за крштевката ќе бидат спомени на кои со радост ќе се сеќавате.


Дигитални фотографии и видео

Дигиталната архива, која се состои од видеа и фотографии е прекрасна идеја да ја зачувате крштевката на Вашето дете. Тие ќе бидат Вашиот секојдневен дигитален дневник и спомен кој ќе биде полн со значајните моменти од целата крштевка.


Ние како C&P Weddings and Events веруваме дека крштевката е церемонија која што вреди да биде сочувана во видео и фото формат, овозможувајки Ви да уживате во најубавите моменти повторно и повторно.

baby, baby girl, christening
Фотографија: C&P Weddings & Events

Дрво посветено на Вашето дете

Една од најкреативните идеи, кои можеме да ги примениме од Западот за запомнување на крштевката на Вашето дете е заедно со детето да засадите дрво во Вашиот двор кој секој ден ќе го полевате со вода, односно со вера и љубов која што била дадена на Вашето дете кога се крштевало.


Како што расте дрвото посветено на крштевката на Вашето дете, така ќе расте и Вашето дете знаејќи дека тоа дрво ќе биде вечен потсетник на благословите од тој посебен ден. 


Гравирани спомени и вечни сувенири

Сувенирите што се гравирани се одлична идеја за запомнување на денот на крштевката на Вашето дете. Може да го изгравирате датумот на крштевката или името на детето на рачно изработен накит, или пак крст. Секако, тука спаѓаат и рамките за фотографии, на кои можете да изгравирате посвета или име и тие да им ги дадете на Вашите деца за да ги имаат како вечни спомени од денот на нивните крштевки.

necklace, baby necklace
Фотографија: C&P Weddings & Events

Како што крштевката е посебна и значајна за Вашето дете, за Вас и Вашето семејство, така и спомените кои што ќе ги добиете без разлика која од дадените креативни идеи и да ја одберете ќе има исто толкаво значење.   Тие спомени секој ден ќе Ве потсетуваат на топлината, радоста, благословите, љубовта и мирот кој ги чувствувавте за Вашето дете кога сте го крштевале. 


Со било која од погоре наведените креативни идеи Вие можете кога и да посакате да се вратите на спомените на тој прекрасен Свет ден.


Креирајте спомени кои што траат и вечно остануваат во срцата на Вашето дете и Вашето семејство.











 
 
 

Comments


bottom of page