top of page
Search

Фотографии за Вечни Спомени на Денот на Крштевката- Како да Создадете Уникатни Приказни?

Чинот на крштевање е Свет и Величествен. Тој ги воведува детето или возрасниот во духовниот свет. 

Крштевката претставува еден од важните и посебни моменти на детето (возрасниот) и нивното семејство. 

christening, boy, church, boy splashing with water
Фотографија: C&P Weddings & Events

Во црквата крштевката започнува со молитва и полевање на детето (возрасниот) со света вода. Овој чин се случува само еднаш во животот. Затоа тие моменти треба да бидат совршени, а ништо подобро не ни го враќа сеќавањето како што тоа го прават фотографииите


Но, како да ги направите тие фотографии вечни, уникатни и незаборавни


Изберете црква за фотографирање на крштевката

Луѓето ја прават крштевката на детето по четириесетиот ден од раѓањето или на првиот роденден на детето. Изборот на црква е од особено значење. Може да биде истата црква во која родителите се венчани.


Возрасниот човек може самостојно да си ја одбере црквата според името кое го носи. 

Пример, Марија се крсти во црквата Св. Богородица. Фотографиите од крштевката не би биле комплетни ако на нив ги нема олтарот и иконите на црквата. 


Фотографии од деталите кои раскажуваат приказни за крштевката

Црквениот крст, крстилницата во која е Светата Вода, свеќата, маслиновото масло и крстителното бело платно се значајни детали на секоја крштевка.


Во некои цркви белата кошула од таткото која се користи за да се завитка бебето пред да се полие со Светата вода е исто така важен детаљ. Со ваквите фотографии се раскажува целосната приказна на секоја крштевка. Доколку ги нема нив и кумовите кои го крстат детето не би била комплетна крштевката.

church, cross, christening
Фотографија: C&P Weddings & Events

Mоменти на искреност и љубов

Фотографиите кои покажуваат чиста искреност, нежност и љубов се најубавите фотографии. Тие се  едни од наjсилните фотографии со кои може да се покаже смеењето на децата, радоста во солзите на бабите и дедовците и искрените прегратки кои детето им ги дава на своите родители.


Ваквите фотографии се незаменливи и траат вечно, а на крштевката се прават само еднаш.


Играјте со светлината и сенките

Дали знаете какви убави фотографии може да направите доколку ја искористите светлината на крстителната свеќа ? Верувајте ми, прекрасни се како вистински уметнички дела.


Таа светлина е една од најдобрите помошници на фотографите бидејќи им помага да направат фотографија која има длабоко значење а во исто време портретот што ќе биде направен е топол и уникатен


Изработете фото книга која раскажува приказна

Кога ги собирате сите фотографии од крштевката, размислете за нив како дел од една поголема приказна


Фото-книгата е дневник кој ја опфаќа целата приказна. Почнувајќи со подготовките за крштевка , потоа со самиот чин на крштевање па се до веселата прослава. Со други зборови,  таа е колекција на фотографии со спомени кои ќе бидат пренесувани на идните генерации.



Крштевката е Светата тајна која се одржува во црквата која е значајна за тој што се крштева и неговите родители.


Фотографиите од сите детали што се неопходни за една крштевка се од посебно значење и треба да бидат совршени затоа што се неповторливи и се како прозорец низ срцата на сите оние кои ќе ги погледнат.


Низ тој прозорец може да ја видите топлината, светлината и љубовта што овој Свет ден ја носи. 









Comments


bottom of page