top of page
Search

Свадбени декорации со свеќи наместо цвеќиња?

Updated: Jul 30, 2024

Осветлувањето на свадбениот амбиент со свеќи прави една романтична привлечност која дава сјај или акцент, фигуративно и буквално, на сите елементи од свадбените декорации. Дали ќе се одлучите да ги декорирате масите за дочек со разнобојни, конусни свеќи како централна декорација или пак сакате големи, мотивни свеќи на отворен простор, никогаш нема да згрешите со изборот на "мотивот со свеќи" кој дава безвременска естетика на целиот простор на Вашиот голем ден.

wedding decor, candles, flowers, svadben dekor
Фотографија: C&P Weddings & Events

Подолу, ќе најдете примери на декор со акцент на свеќи перфектно изведен. Од конусни свеќи со различна должина на елегантни маси, до самостоечки столбести свеќи поставени на кружни скалила, сигурно ќе го пронајдете вистинското амбиентално осветлување кое најдобро одговара Вашиот стил.


1. Поставете ги свеќите во текстурирани чаши

На оваа неверојатна венчавка малите свеќи беа ставени во текстурирани чаши и беа поставени меѓу другите свеќи на масите за вечера, што создаде неверојатна атмосфера. Има нешто многу убаво во блескавиот ефект.

WEDDING DECOR, wedding candles, svekji dekorativni, svadba

2. Користете канделабри како централна декорација

За да создадете  амбинетален изглед за свечена вечера, поставете високи златни канделабри на вашите маси. Како што е оваа свадба дизајнирана на Тара Герард, тие лесно можат да доловат елегантен и едноставен изглед.

WEDDING DECOR, wedding candles, svekji dekorativni, svadba

3. Контрастни самостоечки столбести свеќи и висечки светлосни тела

Оваа свадба во Чикаго е совршен пример за познатиот израз „повеќе е повеќе“. Начинот на кој овие столбести свеќи се користат во декоративното групирање на масите дава екстравагантен израз на целиот амбиент, како и висечките тела во кои се поставени свеќите. Тие додаваат стил во целата декоративна композиција и ја прават уникатна и елегантна.

WEDDING DECOR, wedding candles, svekji dekorativni, svadba

4. Направете ѕвездено небо од свеќи

Создадете ја илузијата на ѕвезди во шатор или билокаков затворен простор со светол плафон, со закачување на стаклени сфери исполенти со мали свеќички кои се прикачени со проѕирен или метален конец. Колку повеќе сфери, толку побогат и по "топол" амбиент.

WEDDING DECOR, wedding candles, svekji dekorativni, svadba

5. Користете свеќници и конусни свеќи

Никогаш нема да згрешите во изборот за добра декорација користејќи златни свеќници и бели конусни свеќи како овде на фотографијата, акцентирани со венец од бујно зеленило, овошни акценти и мали бели вотиви од свеќи.

WEDDING DECOR, wedding candles, svekji dekorativni, svadba

6. Позирајте пред декорациите со свеќи

Секоја невеста која е заљубена во мекиот и топол сјај на свеќите мора да позира во оваа прекрасна атмосфера, вадејќи фотографии и те како достојни за Инстаграм, на кои никој нема да остане рамнодушен.

WEDDING DECOR, wedding candles, svekji dekorativni, svadba

Како што видовте на посочените примери, отворениот пламен е неспорно зачудувачки како во реалниот живот, така и на фотографиите. Сите тие треперливи пламени фрлаат килибарен сјај што создава неспоредлив амбиент кој изгледа неверојатно.


Еден од најдобрите декоратори кои може да направи да Вашата свеченост изгледа прекрасно со декор од свеќи е Ane Blue Flowers. Декорира со многу креативни парчиња свеќи, кои одговараат на сечиј вкус.


Но, доколку се чувствувате креативни и имате дарба за рачна изработка, можете самите да изработите споствени парчиња свеќи, давајќи личен допир на Вашиот свадбен декор.








 
 
 

1 Comment


Guest
Apr 22

Прекрасна публикация! Декорациите със свещи наистина добавят изискан уют и неповторим чар към всяко събитие. Като интериорен дизайнер, вярвам, че осветлението е ключов архитектурен елемент – особено когато е използвано толкова елегантно. Поздравления за вдъхновяващата визия! Повече идеи и проекти споделям и на domodesign.bg.

Like
bottom of page