
Ова динамично трио, со своите енергични настапи носи нова димензија на клубската сцена во Македонија. Со секој ритам и мелодија, тие создаваат атмосфера која не само што те тера да танцуваш, туку и те вклучува во магијата на латино музиката. Придружете се на нивната музичка авантура и откријте зошто Habana Breeze Band е вистинскиот избор за Вашата прослава и апсолутен хит на вечерните журки!
ИЗВЕДБИ ЗА:
СВАДБИ
РОДЕНДЕНИ
ПРИВАТНИ ЗАБАВИ
AFTER PARTY
КОРПОРАТИВНИ НАСТАНИ
МОМИНСКИ
МАТУРИ
HABANA BREEZE BAND
Habana Breeze Band е вистинската сензација на македонската клубска сцена, носејќи ја жешката латино енергија директно од срцето на Скопје. Формирани во 2019 година, овој трио состав, предводен од мајсторите Влатче Конга (конги, перкусии), DJ Kaponi и виртуозниот саксофонист Valisax, создава журки што ќе ги паметите цел живот.
Нивниот препознатлив микс од латино хаус, регетон, салса и бачата не остава никого рамнодушен, претворајќи го секој настан во незаборавно музичко патување. Од сцените на култни македонски клубови како Code, Pulse и Casa Cubana, до ноќни журки под ѕвездите, Habana Breeze Band е вашиот билет за експлозија на ритам и страст.
Но, ова не е само музика – ова е шоу! Влатче Конга создава заразна атмосфера со своите перкусии, DJ Kaponi незаменлив со својот перфектен сет за секој момент, а Valisax ги носи ритмите директно во публиката со своите уникатни саксофонски импровизации. Валентин, исто така, има работено со ѕвезди како Суперхикс и Tyzee, па дури со продуцентот на Bruno Mars!
Сè на едно место за перфектната прослава или свадбено искуство!
Нивниот сингл „In my head“ е достапен на сите музички платформи, а новиот материјал е на пат. Така да, не двоумете се и ангажирајте ги веднаш!
