
Champagne Wall е тим на млади амбициозни луѓе, чија што цел е да ги однесат македонските забави и свадби на едно повисоко ниво. На кратко кажано - софистициран начин на послужување пијалок.
УСЛУГИ
ЅИД ЗА ШАМПАЈН
МАЛА ИЛИ ГОЛЕМА КУЛА ЗА ШАМПАЈН
КЕТЕРИНГ ЗА ПИЈАЛОК
ИНТЕРАКТИВЕН ЅИД ЗА ШАМПАЈН
КЕТЕРИНГ ЗА ХРАНА
CHAMPAGNE WALL
Во ладната зима 2022 година се роди идејата за првиот Champagne Wall во Македонија. Ѕидот доаѓа во 3 големини и е изработен од високо квалитетно дрво од орев, украсен со бујно вештачко зеленило .
Идејата зад зеленилото е поврзување со природата и еден поинаков начин на послужување на пијалок!
Во понудата на тимот на CW се наоѓа и уникатниот Ring for Champagne, интерактивен ѕид за шампајн со ѕвонче. Заѕвонете на ѕвончето и ќе ја добиете вашата чашка шампајн.
Како и воодушевувачката кула од шампајн, која доаѓа во 2 големини, зависно од Вашите потреби.
Од 2025 тимот на CW ја проширува својата понуда и со кетеринг за храна и пијалоци за мали забави до 70 гости. Кетеринг услугата е навистина уникатна, каде што храната е послужена на издигнати проѕирни послужавници заедно со декорација по избор. Декорацијата и издигнатите послужавници ја прават шведската маса воодушевувачка.
