
Тамара Волческа е артист/пејачка и текстописец на музички дела. Нејзината музичка кариера ја започнува како автор на музика и текст на своите песни на англиски јазик "Do you remember" и "Choosing you" во 2022 година.
НАСТАПУВААТ ЗА:
СВАДБИ
КОРПОРАТИВНИ НАСТАНИ
ПРИВАТНИ ЗАБАВИ
РОДЕНДЕНИ
МАТУРИ
TAMARA VOLCHESKA & FLUID BAND
Во 2022ра година Тамара го завзема својот простор на македонската музичка сцена со настапи во живо со сопствен бенд и акустика. Настапува на отварање на концертот на Рибља Чорба во Битола во акустична верзија, а година дена подоцна го отвара нивниот концерт во Антички театар Охрид со својот бенд. Автор и изведувач на песните "Место од спомени", "Живее спомен", "Херој", а во 2024 година настапува во дебитантската вечер на Макфест и добива пласман во ревијалната вечер со песната "Кажи ми да знам".
Две години по ред настапува на фестивалот "Легендите живеат вечно" кој се одржува во Македонска Филхармонија, пеејќи песни од нашите музички легенди. Бележи настап со авторски песни на Урбан фестивалот во Скопје во 2024 година.
Со својот бенд - Fluid Band, Тамара настапува насекаде низ нашата земја, кафичи и клубови, како и приватни забави, со песни и репертоар од широк аспект.
Почнувајќи од поп, поп рок, турбо фолк па сè до народно, како и сѐ она што денес се бара за добра забава. Ја придружува бенд со целосен состав: бубњеви, тапани, гитара, бас гитара, клавијатура и можност за дополнување по потреба за настанот.


