
Танцовиот клуб Sonrisa е местото каде танцот и насмевката се неразделни! Сè од 2012та година па навака, се единствените со толку богат избор на часови и тренинзи. Sonrisa внесуваат радост и енергија во секој чекор. Без разлика дали сакате да научите нов танц, да се спремате за најбитниот и ПРВ ТАНЦ, или пак да вежбате на забавен начин, Sonrisa е вистинската дестинација за сите љубители на движењето.
SONRISA
Димитар и Сања, креативните умови и сопственици на танцовиот фитнес клуб Sonrisa, го основале со една јасна цел - да создадат заедница каде ентузијастите на танцот можат да ги изразат своите таленти, а воедно да секој од нив има свое место за хоби и рекреација - помагајќи им на членовите да ги оформуваат своите тела со разни вежбачки дисциплини.
Sonrisa е уникатен танцов клуб во Скопје кој го комбинира танцот и фитнесот за да внесе енергија и радост во секој чекор. Лоцирани на две локации, во Дебар Маало и Аеродром, клубот нуди разновидни активности - oд возбудливи настани и забави, па сè до различни часови и работилници.
Sonrisa е совршено место за движење, забава и подобрување на целокупната благосостојба преку различни фитнес и танц дисциплини, кое секоја година обучува стотици нови членови.
Програмата на клубот опфаќа динамични часови за танци како Салса која ја буди страста за латино ритмите, Бачата за романтични движења и Регетон за урбани вибрации. За оние кои сакаат да останат во форма, тука е Зумба Степ - совршен танц за согорување калории со забава.
Но, најважно од сè е дека тие се тука и за Вашиот прв свадбен танц. Sonrisa се идеален избор за оние кои сакаат нивниот посебен момент да биде магичен.
Знаејќи дека првиот танц е најважниот момент на еден пар - тие нудат повеќе опции, па дури Ви даваат и видео запис од кореографијата како би можеле да ја вежбате дома! Секако, Димитар и Сања нема да ве остават туку така да вежбате дома сами - тие ќе се тука низ целиот процес да Ви помогнат да го направите вашиот сон реалност!
Со редовни персонални тренинзи и приватни часови, секој може да ги достигне своите цели на начин кој му одговара.
Покрај тоа, многу е важно дека клубот се грижи за здравјето на своите членови преку специјално дизајниран план на исхрана. Не двоумете се и контактирајте ги веднаш!
