
Ирена, креативната сопственичка на Lily & Co со нејзиното остро око за детали и длабока љубов за природата креира прекрасни аранжмани кои инспирираат, носејќи убавина и радост за секоја ваша прилика. Од ремек дела за свадби до елегантни букети соодветни за било која пригода.
УСЛУГИ
ЕЛЕГАНТЕН СВАДБЕН ДЕКОР
ЦВЕТЕН ДЕКОР ЗА РОДЕНДЕНИ
БИДЕРМАЕРИ
БУКЕТИ
КИТЕНКИ
ДЕКОР ЗА КОРПОРАТИВНИ НАСТАНИ
ЦВЕТНИ ВЕНЧИЊА
LILY & CO FLORAL STUDIO
Lily & Co. е цветната приказна на Ирена предводена од детето во неа. Таа е огромен вљубеник во природата, но цвеќињата и се особено драги. За тоа е „виновник“ нејзиното детство. Најубавите моменти од нејзиното детство се во волшебниот двор на нејзината баба Љубица, која е „виновникот“ за облеаниот двор со шарени и мирисни цвеќиња, како и љубовта на Ирена за цвеќињата.
Нејзиното долгогодишно работно искуство на разно-разни проекти и помага да оваа цветна приказна ја вклопи и во бизнис водите, кои и помагаат да ја надополни нејзината креативност и желба за создавање убави нешта.
Денес, Ирена ужива во цветното секојдневие и е горда со тоа што придонесува во разубавувањењто на животот на луѓето.
Без разлика дали се работи за декорација, букет цвеќе за на биро во канцеларија или пак бидермаер за невестата, Lily & Co се тука за секоја пригода, кај нивво цвеќара или со достава до вашата врата или ресторан!
