
10% ПОПУСТ
Со вешти раце и внимание за деталите, Едиса ќе создаде ремек-дело за шминка што ја истакнува вашата природна убавина и ги подобрува вашите уникатни карактеристики. Од суптилна елеганција до храбар гламур, верувајте и да го подготви совршениот изглед за вашиот посебен ден, во вашиот дом или во студиото на E.L. Beauty.
УСЛУГИ
ПРОФЕСИОНАЛНА ШМИНКА
LASH LIFT
МАНИКИР
ДЕПИЛАЦИЈА
BROW LAMINATION
СВИЛЕНИ ТРЕПКИ
ПЕДИКИР
ОРИЕНТ ВАКУМ ФИТ
E.L Beauty
Приказната на Едиса започнува со една мала љубопитност, која подоцна се претвара во огромна желба за стекнување искуство во шминкањето. На самиот почеток, нејзината цел била да види дали всушност ќе се пронајде во таа област.
Пред многу години се има запишано на нејзината прва обука за професионална шминка кај Милена Косич во "Школа за убавина и арт", каде ја има стекнато основата за шминкањето, a при тоа желбата кон оваа уметност значително пораснала. Понатаму своето искуство го проширила кај Небојша Пешевски, каде веќе почнала да се осамостојува и почнива сама да гради свое студио.
Во меѓувреме се има посветено да заврши три мастеркласа од кои два на Leanne Simmone, додека другиот на Златица Поповска, поддржани од познатиот козметички бренд Kryolan.
На почетокот на 2022ра година го има отворено своето прво споствено студио за козметика и шминка E.L. Beauty со што имала чест да работи на многубројни модни ревии, фотосесии, како и разновидни промоциски евенти.
Исклучителна пасија и е соработката со невести, на кои секогаш им посветува максимално внимание, без разлика дали е тоа шминка, маникир, педикир и слично, сè со една и единствена цел, да ги направи најубавата верзија од себе за тој прекрасен, голем ден. Омилената техника на шминкање и е "природната" шминка која најубаво ги доловува природните црти на невестата и ги истакнува нивните убавини.
