top of page
logo full.jpeg

Вашиот посебен ден нека започне со беспрекорен изглед во пријатниот амбиент во Атеље за шминка ,,Александра Але Алексовска” кое се наоѓа во Скопје. Просторот е со уникатен и луксузен дизајн како и топла атмостфера, при што веднаш ќе почуствувате дека се работи за сериозна посветеност, уметност и позитива.

Атељето нуди услуги за секаков вид на шминкање со најквалитетни производи од познати брендови и  хигиена на највисоко ниво.  Со секој закажан термин ви се обрнува посебно внимание за консултација и совет со цел да се пронајде совршен изглед кој ќе одговара на вашите потреби и уникатен стил. Атељето соработува со фризерско студио со цел да ви се овозможат шминка и фризура на едно место.

Александра Але Алексовска

е професионален шминкер која преку нејзиното долгогодишно работно искуство и едукација за шминка го има усовршено односот со клиентите па затоа ќе се чувствувате пријатно и опуштено во текот на процесот и ќе излезете со целосна самодоверба.

Александра љубовта кон шминката ја стекнува уште од рана возраст, која подоцна почнала да ја обликува и усовршува со вежби и техники за шминкање преку  разни туторијали, списанија, книги, мастер часови и др. Започнува да работи со шминкање во раните студентски денови. Откако дипломира на филолошкиот факултет ,,Блаже Конески” во Скопје како преведувач на англиски и француски јазик, нејзината кариера продолжува да ја усовршува како професионален шминкер.

Се истакнува и издвојува како една од најдобрите шминкери во Скопје и пошироко како резултат на соработка со познати личности, познати брендови како и многубројни клиенти од други градови и држави.

Има огромна пасија кон уметноста, која произлегува од секојдневниот живот, кој воедно го гледа како уметност во сите сфери, форми и облици што воедно е и изворот на целата нејзина креативност и инспирација.

25.jpeg

ALEKSANDRA ALE ALEKSOVSKA

MAKEUP ARTIST

Телефон:

Адреса:

Ул. Пандил Шишков, 24/2-1 Скопје

  • phone
  • Instagram
bottom of page